„ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО НЀ БОДРИТЕ СО ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ Бајден со емоционална порака до нацијата
Поранешниот претседател на САД и сопругата со порака по објавата за тешката болест: „Ќе се бориме заедно“.
Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден се огласи на социјалните мрежи откако јавноста беше информирана дека му е дијагностициран агресивен рак на простата, кој веќе се проширил на неговите коски.
„Како и многумина од вас, и јас и Џил откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша Бајден на својот официјален профил, со што испрати силна лична порака до сите кои изразија грижа и поддршка.
Веста ја потврди и неговиот кабинет, соопштувајќи дека ракот е во напредна фаза. Медицинскиот тим ја следи состојбата и се подготвува понатамошен план за лекување.
БАЈДЕН ИМА РАК НА ПРОСТАТА Болеста му се проширила на коските