ВГОДИНА ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВААТ КРИТИЧНИ ПОЗИЦИИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Има кусок од околу 200 судии  

320

Министерот за правда Игор Филков најави дека во 2026 година ќе се зајакнат човечките капацитети на најкритичните точки во судскиот систем, на состанокот на Секторската работна група за правда што се одржа денеска во Владата.

Тој додаде дека кадровското зајакнување е предуслов за успешна дигитализација и за функционално правосудство.






– Надзорот спроведен од Министерството за правда покажа алармантни податоци – пополнетост на судиски места од 67% (432 од 636), судска служба со само 36% пополнетост, што директно влијае врз ефикасноста и должината на судските постапки – соопшти Министерството за правда.

Токму овие констатации, истакна Филков, се основа за преземање конкретни и координирани мерки, со кои во 2026 година ќе се зајакнат човечките капацитети на најкритичните точки во системот.

– Иако во делот на прописите предвидуваме суштински промени, најважен останува човечкиот фактор. Потребни се стручни кадри на секое ниво во правосудството, за ефикасно функционирање и постапување во служба на правдата. Тука е потребна заедничка заложба на сите – рече тој.

Министерството за правда во изминатиот период подготви повеќе од 20 закони. Од нив 13 закони се веќе во владина процедура, а Законот за Судски совет е во Собрание и го помина првото читање.

Продолжува спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 и Реформската агенда 2024–2027, за кои е формиран Совет за следење на реформите. Процесот е поддржан од Европската Унија, што претставува јасен сигнал за доверба и напредок кон членство во ЕУ.

 

Поврзани содржини