ВГОДИНА ЌЕ СЕ ИЗГРАДАТ ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ СО МОЌНОСТ КОЛКУ 5 ИПОЛ БЛОКА НА РЕК БИТОЛА За да ги прифати новите 1.256 мегавати, МЕПСО треба да ја зајакне мрежата

Енергијата од наведените 1.265 мегавати ќе доаѓа од 15 хидроцентрали, 812 фотонапонски централи, 426 ветерни и уште 11 од биомаса.

206

Изградба на енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати, предвидува годишниот план за 2026, што е околу 1,4 милијарди евра инвестиции, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска.

Како што информира Божиновска на брифинг со новинарите, од овие 1.265 мегавати, хидроцентрали се 15, фотонапонски се 812, ветерни се 426 и уште 11 се за биомаса.






Моќноста од 1.265 мегавати е приближно како инсталираната моќност на 5 и пол блока на РЕК Битола.

– Првпат имаме и интегрирани и изолирани складишта. За изолирани складишта имаме 675 мегавати, а интегрирани се само 93 – истакна министерката.

Според неа, донесен е и Правилникот за изградба на енергетски објекти и до него ќе мора да се држи секој инвеститор. Во Правилникот е прецизно објаснето што треба да поднесе секој потенцијален инвеститор, почнувајќи од физибилити студија, независно за каков објект се работи.

За 2026 година до Министерството се пристигнати барања за изградба на енергетски капацитети со вкупно 10.950 мегавати моќност од кои 1.697 мегавати ветерни централи, 4.758 мегавати фотоволтаици, една гасна централа од 21 мегават и една гасна когенеративна централа. Има барања и за 2.573 мегавати самостојни складишта, како и за 1.405 мегавати интегрирани складишта.

– Вкупно се 10.950 мегавати што е многу. Ова е сериозна бројка и МЕПСО ќе треба да прави план, односно мрежата треба да се зајакне – истакна Божиновска.

Таа дополни и дека до 31 јануари 2026 година треба да помине владиниот план, а во меѓувреме ќе се оценува дали доставената документација за енергетските објекти е во ред.

Министерката на брифингот соопшти и дека во првиот квартал ќе се донесе законот за обновливи извори на енергија.

Поврзани содржини