ВФП-ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД ЈА ПРОМЕНИ БАНКАТА Од денеска парите на идните пензионери ги чува Комерцијална банка
Банка чувар на имот е институција на која и е доверена одговорноста за чување на средствата на пензиски фонд, а нејзините функции во врска со чувањето на средствата се утврдени согласно законите за капитално финансирано пензиско осигурување.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека вчера успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, од Шпаркасе банка во новата банка чувар на имот Комерцијална банка.
Почнувајќи од денеска (08.11.2023 година) Комерцијална банка ја превзема улогата на банка чувар на имот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.