ВЕЖБАЈ, ПРАШАЈ И ИНСПИРИРАЈ СЕ! Во сабота REset & REtalks со „Реплек“ и со Елена Бубало

Учесниците, како и на сите досегашни вакви настани, ќе биде доволно да донесат само простирка за вежбање, во комбинација со својата позитивна енергија.

30

Во рамките на РЕсет платформата на „Реплек“ за добросостојба, под мотото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Сесијата ќе се одржи в сабота, 18 октомври, со почеток во 11 часот, во малата сала во СРЦ „Борис Трајковски“. Овојпат платформата добива додадена вредност, бидејќи учесниците, покрај вежбањето, ќе имаат можност и да прашуваат како дo подобра форма, но и како да ја одржат добросостојбата. Елена Бубало ќе биде на располагање за прашања од учесниците, како и за совети. Токму и затоа ова шесто издание на настанот е насловено како „REset & Retalks“, најавувајќи уникатно искуство што ќе комбинира динамична сесија на вежбање и отворени разговори за одржувањето на кондицијата и здравите животни навики.

Оваа сесија е дел од серијата бесплатни настани за вежбање и работилници кои ги реализира „Реплек“, во рамките на РЕсет – платформата за добросостојба, за поттикнување ведар дух, здраво тело и ментална сила, а со цел да се подобри нивото на општото здравје кај граѓаните. Учесниците, како и на сите досегашни вакви настани, ќе биде доволно да донесат само простирка за вежбање, во комбинација со својата позитивна енергија.






Меѓу другото, присутните на претстојната „REset & Retalks“ сесија ќе добијат многу практични совети за вежбањето, насоки за исхраната што треба да ја практикуваат доколку сакаат подобри резултати од тренинзите, како и мотивациски препораки како да се надминат личните предизвици што нѐ оттргнуваат од вежбање и тоа да се претвори во начин на живот.

Настанот ќе биде отворен за јавноста, а сите што се подготвени да излезат од комфор зоната ќе можат своето место да го резервираат преку следниов линк: https://shorturl.at/wbNsX.

Носечката идеја на РЕсет платформата е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на менталното и физичкото здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области. Во јуни годинава во рамки на оваа платформа се одржа тренинг на отворено на плажата Бафало во Охрид. Следуваат нови сесии преку кои Реплек и Елена Бубало ќе продолжат да внесуваат свежина и инспирација во промовирањето на добросостојбата.

Поврзани содржини