Ѕвездите се соблекоа голи, имаат една цел ФОТО

1,007

Актерот и пејач Џаред Лето (48) е еден од последните во низата познати личности кои позирале целосно голи или во долна облека за да ги охрабрат обожавателите да одат на гласање.

„Не заборавајте да гласате“, напиша Лето под фотографијата.






Оскаровецот им се придружи на голем број sвезди, меѓу кои Марк Руфало, Сара Силверман, Џена Деван, Тифани Хадиш, Челси Хендлер и Наоми Кемпбел, кои на овој начин сакаат да ги охрабрат Американците да излезат на гласање во што поголем број.

„Еј, јас сум гола. Одлично, сега кога го имам твоето внимание: ГЛАСАЈТЕ! А, ако гласате во отсуство, проверете дали ги следите СИТЕ упатства на вашето гласачко ливче. Не ми верувајте само на збор, послушајте ги сите мои голи пријатели“, напишала Наоми под видеото што го споделила на својот инстаграм-профил.

Една од првите славни личности што ја искористи голотијата за да ги повика луѓето да гласаат на претстојни претседателски избори во САД  беше старлетата Кајли Џенер.

По нејзината објава, забележани се неверојатни 1.500 отсто пораст во однос на претходниот ден на американската алатка за регистрација и проверка на гласачи преку интернет.

 

 

View this post on Instagram

 

Happy hump day P.S. Don’t forget to vote 🗳

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини