ЅВЕЗДИТЕ НА ОСКАРИТЕ НАЈДОA МИСТЕРИОЗНИ КУТИИ Некој им оставил пораки под седиштата
Се надевам дека ќе уживате во овие бесплатни закуски. Се обидов да додадам гумени бонбони, но од Дизни рекоа: ‘Нема шанси’. Имајте убава вечер, Конан, се вели во пораката на познатиот комичар во која има и негова карикатура.
Мистериозна кутија ги пречека под седиштата холивудските ѕвезди кои присуствуваат на доделувањето на Оскарите во неделата вечер. Всушност, се работи за грицки кои им ги оставил комичарот Конан О’Брајан. Заедно со грицките имаше и хумористична порака.
„Се надевам дека ќе уживате во овие бесплатни закуски. Се обидов да додадам гумени бонбони, но од Дизни рекоа: ‘Нема шанси’. Имајте убава вечер, Конан“, се вели во пораката во која има и негова карикатура.
„Ова е толку слатко од него, тие мора да го ценат тоа!“ напиша еден следбеник, додека друг праша: „Дали сите пораки се исти, копирани и испечатени, или Конан ги напишал рачно поединечно? Затоа што е доволно смешен и искрен за да го направи тоа“.
Комичарот ја шокираше публиката на Оскарите со шега за Трамп и Путин, а го исмеа и раперот Дрејк, мислејќи на неговиот конфликт со Кендрик Ламар, кој ескалира по настапот на Ламар на Суперболот.
There’s a note from Conan under every #Oscars seat with a snack box of water and a pretzel. pic.twitter.com/kvcjkT4fRw
— Ramin Setoodeh (@RaminSetoodeh) March 2, 2025