Ѕвездите на „Игра на тронови“ Роуз Лесли и Кит Харингтон станаа родители на машко бебе.
Кит и Роуз потврдија дека добија момче кога беа фотографирани на семејна прошетка со бебето. Фотографијата ја објави „Page Six New York Post“.
„Тие се многу, многу среќни“, веста ја потврди публицистката на Харингтон, Маријана Шафран.
Актерите од серијата „Игра на тронови“ сè уште не го објавиле името на бебето, ниту датумот на раѓање.
Актерката го покажа трудничкото стомаче во септемвриското издание на британското списание „Маке“.
„Многу посебна фотосесија на целосно женски тим кој ја забележи Роуз во убаво време додека се подготвува за мајчинството за прв пат“, напиша директорката на модни списанија Урсула Лејк на Инстаграм.
Кит и Роуз се запознаа на снимањето на серијата „Игра на тронови“, а романсата започнала во 2012. година, се венчаа во 2018. година, а сега нивното семејство стана побогато за уште еден член.