ЅВЕЗДАТА НА „ШОУТО НА КОЗБИ“ ТРАГИЧНО ЗАГИНА Малколм Џамал Ворнер се удавил додека пливал
Малколм Џамал Ворнер, најпознат по улогата на Теодор Хакстабл во култната хумористична серија „Шоуто на Козби“, почина на 54-годишна возраст како последица на давење, потврди списанието „Пипл“.
Малколм Џамал Ворнер, најпознат по улогата на Теодор Хакстабл во култната хумористична серија „Шоуто на Козби“, почина на 54-годишна возраст како последица на давење, потврди списанието „Пипл“.
Актерот бил на семеен одмор во Костарика кога се случила трагедијата додека пливал.
‘The Cosby Show’ star Malcolm-Jamal Warner has died at 54 from an accidental drowning, TMZ reports. pic.twitter.com/GqFst7m3I3
— Pop Base (@PopBase) July 21, 2025
Малколм Џамал Ворнер остана запаметен по својата улога на Теодор Тео Хакстабл, единствениот син на Клиф Хакстабл, кој го играше Бил Козби, во една од најгледаните серии од осумдесеттите и деведесеттите години. За таа улога, која ја играше сите осум сезони, беше номиниран за престижната телевизиска награда Еми во категоријата најдобар спореден актер во комедија, уште како тинејџер.
По огромниот успех на „Шоуто на Козби“, Ворнер продолжи со успешна кариера во телевизискиот свет. Тој глумеше во серијата „Малколм и Еди“, каде што го толкуваше ликот на Малколм Мекги заедно со комичарот Еди Грифин. Серијата се емитуваше четири сезони. Од 2011 до 2015 година, тој ја водеше хумористичната серија „Рид меѓу линиите“, додека гледачите го запознаа Ворнер и во улогата на Стики во популарната драма „Синови на анархијата“.
Актерот е роден во Њу Џерси, а неговиот талент го препознале неговите родители, кои го запишале на училиште во Њујорк како момче. Ја добил улогата на Тео Хакстабл на последниот ден од потрагата на „Ен-би-си“ по актерот, која била организирана низ цела Америка, а го избрал самиот Бил Козби.
За време на својата кариера, Ворнер покажал интерес и за режија. Како тинејџер, почнал да режира музички видеа за уметници како што се „Њу Едишн“ и раперот Спешл Ед. Подоцна режирал епизоди од разни телевизиски серии, вклучувајќи ги „Шоуто на Козби“, „Кенан и Кел“, „Сите тие“ и „Малколм и Еди“. Тој, исто така, привлече широко внимание од јавноста со едукативното видео „Time Out: The Truth About HIV, AIDS, and You“ од 1992 година, кое се занимаваше со превенција на ХИВ и сида, а во кое учествуваа Арсенио Хол и Меџик Џонсон.
Во последниве години, Ворнер се сврте кон медиумски проекти кои се занимаваат со социјални прашања. Неодамна започна поткаст со Веуси Барак и Кандис Кели наречен „Not All Hood“, кој се занимаваше со темите за менталното здравје и претставувањето на Афроамериканците во медиумите.