🎥 ЅВЕЗДАТА НА ОНЛИФАНС ЌЕ ГО СТАВИ ИМЕТО НА СВОЕТО НЕРОДЕНО БЕБЕ НА АУКЦИЈА Тој што ќе понуди најмногу, ќе биде кум на детето на Бони Блу
Откако имала незаштитен секс со 400 мажи во нејзината таканаречена „мисија за размножување“, Блу во февруари објави дека е бремена. Кога ја прашале дали има порака за мажите кои учествувале во нејзиниот настан, Блу одговорила: „Со среќа, претпоставувам“.
Контроверзната ѕвезда на Онлифанс, Бони Блу објави дека е бремена откако имала незаштитен секс со 400 мажи во нејзината таканаречена „мисија за размножување“.
– Бев многу транспарентна во врска со тоа за што се работеше и каков би сакала да биде исходот и тие имаат опција ако сакаат да бидат вклучени, откако ќе дознаам кој е таткото, или ако не сакаат да бидат, тогаш сум повеќе од среќна што ќе бидам самохрана мајка – рекла таа.
Блу сподели дека „се грижи бебето да биде здраво“ и не е фокусирана на утврдување на татковство.
Идната мајка најави дека планира во бременоста да ги вклучи и своите обожаватели, а најголемо внимание привлече нејзината идеја да го продаде правото за избор на името на детето на оној што ќе понуди најмногу пари.
Во разговор за „Ју-ес Викли“ таа изјавила: „Би сакала да го ставам името на детето на аукција, мислам дека тоа би било навистина забавно.“
Додаде дека планира обожавателите да ги вклучи и во други важни моменти од бременоста, како што е на пример откривањето на полот.
Блу откри дека првпат се посомневала дека е бремена за време на патување на Тенерифе, кога почнала да чувствува мачнина и силни главоболки.
– Одредена храна ми предизвикуваше мачнини, а во исто време имаше и храна што мораше веднаш да ја изедам -рекла таа.
По одморот, решила да направи тест за бременост. Пред да го види резултатот, признала дека е нервозна, а потоа соопштила дека тестот е позитивен.
Со оглед на тоа што и претходно користела необични начини за самопромоција, во јавноста брзо се појавија сомнежи дали навистина ја зборува вистината. За да ги намали сомнежите, објави и снимки од ултразвучен преглед.
Иако сака да ја сподели бременоста со јавноста, таа нагласи дека ќе постави јасни граници.