Sвездата на документарецот на „Нетфликс“ „Одри и Дејзи“, Дејзи Колман, почина вчера на 23-годишна возраст. Странските медиуми наведуваат дека нејзината мајка Мелинда потврдила дека Дејзи се самоубила.
„Таа беше мојата најдобра пријателка и прекрасна ќерка. Само да можев да ја спасам од болката“, навела Мелинда во соопштението за медиумите.
Дејзи била силувана во 2012 година, кога имала само 14 години. Никој не одговарал за тоа кривично дело.
„Таа не можеше да се избори со она што тие момчиња ѝ го направија и тоа едноставно не е фер“, се наведува во соопштението.
Дејзи се појавува во документарецот на „Нетфликс“, кој ја следи неа и нејзиното семејство додека се обидуваат да се справат со грозоморниот настан. Филмот го следи и случајот на Одри Пот, која си го одзела животот десет дена откако била силувана.
Дејзи се обидела да се справи со својата траума, па дури и ја основала организацијата „Безбеден БАЕ“, која се занимава со поддршка на средношколците кои се жртви на силување.
View this post on Instagram
How did you learn to live with a see-through soul? 📸 credits go to @anne_gravino #texasdeathtrippin