Ѕвездата на Интер ѝ ја плати операцијата на 26-годишната Менче од Скопје

Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

8,439

Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.

Трповска се соочува со сериозни здравствени проблеми со колковите, а по првата успешна операција ѝ се појавиле нови компликации, па таа е повторно неподвижна. Таа финансиска помош за нова операција побара преку објава на социјалните мрежи, а нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.






„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

Поврзани содржини