Актерот Том Фелтон, кој го играше Драко Малфој во филмовите за „Хари Потер“, паднал за време на славниот голф турнир во Висконсин во четвртокот, пишува „Пејџ сикс“.
Во еден момент, Фелтон побледел и колабирал, а учесниците на турнирот се собрале околу него. Медицинските техничари од теренот за голф го однеле на носилка и веднаш му била укажана лекарска помош. Не е познато зошто му се слошило
На турнирот имало многу познати личности како Менди Роуз, Кели Слејтер и други.
Фелтон сѐ уште не се огласил околу својата здравствена состојба.