ЅВЕЗДАТА НА ФИЛМОВИТЕ НА ТАРАНТИНО УАПСЕН ПОРАДИ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Сопругата го пријавила актерот Мајкл Медсен

Американскиот актер Мајкл Медсен е приведен поради обвинувања за семејно насилство, по наводно „недоразбирање“ што го имал со сопругата Деана Медсен. Актерот е ослободен откако платил кауција од 20.000 долари.

1,922

Мајкл Медсен бил уапсен во округот Лос Анџелес во текот на викендот, откако полицијата примила повик од жена која тврди дека „сопругот ја турнал и ја заклучил надвор од куќата“.

– Тоа беше недоразбирање меѓу Мајкл и неговата сопруга, коешто, се надеваме, ќе има позитивен крај – изјавил менаџерот на Медсен за „Вараети“.

Ѕвездата од „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел, „Омразните осум“, „Дони Браско“, „Касапски кучиња“ и „Градот на гревот“, годинава е актуелен со неколку филмови. Според ИМДБ, оценки над 5 / 10, имаат: „Подготви се да умреш“ (Prepare to Die), „Југот на Улицата на надежта“ (South of Hope Street), „Последниот облог“ (Final Wager), а следува и трилерот „Макс Дејган“ (Max Dagan).

Поврзани содржини