ЅВЕЗДАТА НА ЕВРОВИЗИЈА СЕ ОГЛАСИ ОТКАКО СОПРУГАТА ГО ОБВИНИ ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ „Сите имаме мани и грешки, но…“

Монс Селмерлев (38), шведскиот пејач и победник на Евровизија 2015 со песната „Heroes“, се најде во центарот на медиумското внимание поради обвинувањата што ги изрече неговата сопруга, британската актерка Кјара Јансон.

834

Монс Селмерлев (38), шведскиот пејач и победник на Евровизија 2015 со песната „Heroes“, се најде во центарот на медиумското внимание поради обвинувањата што ги изрече неговата сопруга, британската актерка Кјара Јансон.

Таа го обвини за емоционално и физичко злоставување, неверство и злоупотреба на супстанции, а парот сега се разведува. Сепак, во најновата изјава, Монс одлучи да проговори за овие обвинувања.






– Лажните тврдења дека сум насилник и тепач и дека моите деца се во опасност сè повеќе се шират на социјалните мрежи од луѓе кои не знаат што е вистина, а што лага. Подготвен сум да ги преземам сите последици од дејствијата што навистина сум ги извршил. Сите имаме мани и грешки. На оние кои мислат дека би бил опасен или насилен кон Кјара или кон сопствени деца, сакам да го кажам следново: „Никогаш не сум им скинал влакно од главата, не сум им се заканил ниту сум ги удрил, ниту моите деца, ниту мојата сопруга. Ова е вистината – истакнал Монс.

Оваа изјава доаѓа откако Кјара, која се обидуваше да ја задржи веста за разводот во тајност, одлучи да го прекине молчењето и да проговори за причините за пропаѓањето на нивниот брак.

„За да ги сопрам шпекулациите, поднесов барање за развод во Велика Британија за да го држам ова приватно. Бидејќи се чини дека ова повеќе не е можно, важно е да ја кажам својата вистина и конечно да застанам на земја. Моите деца беа и секогаш ќе бидат мој најважен приоритет и ќе направам сè за да ги заштитам и да бидам мајка каква што заслужуваат. Не можам да дозволам моето семејство да живее во непријатна средина и да биде изложено на дрогирање, емоционално и физичко злоставување и бескрајно неверство“, напишала Кјара во објавата на Инстаграм која подоцна беше избришана.

Монс и Кјара се запознале во 2016 година, а се венчале во 2019 година на островот Вис. Во текот на петгодишниот брак, тие добија две деца, а Кјара има син од претходна врска. Тие често објавуваа слики на социјалните мрежи кои сугерираа дека се среќно семејство, но очигледно тоа не беше вистина.

Веста за разводот беше објавена набргу откако Манс Селмерлев го освои второто место на овогодинешниот Мелодифестивален, шведскиот натпревар за Избор за песна на Евровизија.

Поврзани содржини