Американската актерка Рони Хоук, која се прослави со улогата на Рејчел Дијаз во популарната комедија на „Дизни“, „Stuck in The Middle“, како и со улогата на Оливија во комедијата „On My Block“ на „Нетфликс“, била уапсена бидејќи го претепала своето 20-годишно момче, сноубордерот Мајлс Фелон.
Хоук била уапсена во петокот наутро, заради кривично дело семејно насилство во Лос Анџелес.
Дваесетгодишниот Мајлс Фелон имал видливи повреди и гребаници на лицето и телото кога полицијата пристигнала во нивниот дом, пишува во извештајот на полицијата.
Актерката која во петокот попладне излегла од притвор, со кауцијата за Хоук од 100.000 долари, а се очекува да се појави на суд на 11 декември 2020 година.
Младата двојка, која била во вска околу една гдина, на 20 јули, објавила заеднички фотографии на Инстаграм, на кои блеска од љубов. Очигледно љубовта за социјаланите мрежи несе поклопува со реалната слика на нивниот однос.
ФОТО: Инстаграм