Ѕвездата на „Династија“ се одвикна од наркотици и се сврши на 58 години ФОТО

773

Актерката Хедер Локлир се сврши на 58 години со својот партнер Крис Хејсер

Близок семеен пријател на познатата актерка ја потврдил веста за свршувачката за магазинот „Пипл“.






Според неговите зборови, парот е свршен уште од април, кога прославиле годишнина од нејзината трезвеност, по лекувањето од алкохолизам и зависност од наркотици.

Актерката, која се прослави со улогите во сериите „Династија“ и „Мелроуз плејс“, изминативе години водеше тешка борба со наркотиците и алкохолот, како и со депресијата, а во 2018 година беше уапсена кога направи два прекршока и се спротивстави на полицијата во алкохолизирана состојба. Меѓутоа, таа решила да го промени својот живот и очигледно е дека успеала во тоа.

– Навистина се среќни заедно. Целото нејзино семејство, браќа и сестри ја поддржуваат и многу се среќни и возбудени поради неа – изјавил извор близок на актерката, додавајќи дека во овој чекор ја поддржува и ќерката Ава (22) која ја има од бракот со Ричи Самбора.

Хедер и Крис биле вљубени уште од средно училиште, а повторно воспоставиле контакт пред неколку години. Нивниот однос бил нестабилен, поради нејзината злоупотреба на алкохол и наркотици, но на крајот одлучила да побара стручна помош во една приватна установа за рехабилитација и сега веќе подолго од една година е „чиста“.

Хедер минатата недела била фотографирана во Лос Анџелес со дијамантски прстен на раката и со заштитна маска на која пишувале „се смеам“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини