ЅВЕЗДАТА НА „Д ВОКИНГ ДЕД“ ПОЧИНА НА 33 ГОДИНИ Кели Мек имаше редок облик на рак
Кели Мек, која е најпозната по улогата во хит серијата „The Walking Dead“, почина по борбата со глиом на централниот нервен систем, редок облик на рак. Таа имаше 33 години.
Користејќи го личниот Инстаграм профил на Кели Мек, нејзината сестра Кетрин ја потврди смртта на актерката, споделувајќи дека таа била опкружена со своите најблиски во нејзините последни денови.
– Со неизбришлива тага ја објавуваме смртта на нашата драга Кели. Таква светла, пламена светлина се префрли на онаа страна, каде што сите ние на крајот мора да одиме – пишува на почетокот од соопштението.
– Кели почина мирно во саботата навечер, во присуство на нејзината сакана мајка, Кристен, и нејзината цврста тетка, Карен. Кели веќе им дојде на многу од своите најблиски во форма на разни пеперутки. Ќе им недостига на толку многу луѓе до длабочини што зборовите не можат да ги искажат – продолжува соопштението.
Кетрин додава дека ќе му биде одадена почит на животот на нејзината сестра на комеморација во Синсинати на 16 август, по што ќе следи уште една служба што ќе се одржи во Лос Анџелес.
– Таа би сакала сите да знаете колку ве сака. И како нејзина сестра, сакам сите да знаете колку беше храбра и жилава , особено кога одлучи да направи скок за повторно да се соедини со Бога. Многу сум горда на неа – заклучила сестра ѝ во изјавата.
Кели Мек (Kelley Mack) ја глумеше Ади (Addy) во деветтата сезона на постапокалиптичната хорор драма „Д Вокинг Дед“ (The Walking Dead), која траеше 11 сезони – започна во 2010 година и заврши со последната епизода во 2022 година.
Починатата актерка, исто така, се појави во осмата сезона на серијата Chicago Med, 9-1-1 и во спинофот на Modern Family – Schooled, меѓу другите.
Исто така, имаше улоги во филмовите Broadcast Signal Intrusion и Delicate Arch, како и во неколку други минисерии.