ЅВЕЗДАТА НА „ЧУДНИ НЕШТА“ СЕ ОМАЖИ ЗА СИНОТ НА БОН ЏОВИ Венчавката се одржала во тајност
Мили Боби Браун, ѕвездата на „Чудни нешта“ (Stranger Things), позната по својот лик Илевн, се омажи за синот на Џон Бон Џови, Џејк Бон Џови, по две години врска, пишува британски „Сан“. Двојката се венча тајно минатиот викенд.

„Тоа беше многу мала, романтична церемонија со најблиските членови на нивните семејства“, велат изворите, додавајќи дека парот планира поголема прослава на крајот на годината.
View this post on Instagram
Според добро упатени извори, Џон Бон Џови бил таму, како и родителите на Мили.
„Мили и Џејк тивко разменија завети во Америка минатиот викенд. Тие планираат поголема церемонија во САД подоцна оваа година, но сега се легално во брак и ги завршија сите документи. Тоа беше мошне мала, романтична церемонија со нивното најблиско семејство додека ги изговараа заветите“, рекол изворот.
View this post on Instagram
На почетокот на април минатата година се дозна дека парот се свршил. Тие се заедно од 2022 година, а претходно беа пријатели.
Претходно оваа година Бон Џови потврди дека ќе настапи на свадбената церемонија.
На прашањето на црвениот тепих на MusiCares за Личност на годината 2024 дали ќе пее на свадбата, тој веднаш одговори за „Дејли мејл“: „Да!