ЅВЕЗДАТА НА „БЕВЕРЛИ ХИЛС“ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА Шенон Доерти сподели дека ракот и се проширил и на мозокот

„Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична и сѐ се случуваше во мојот живот“ - напиша Шенон во пораката до своите фанови.

278

Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“, ги извести фановите дека ракот метастазирал и на нејзиниот мозок. Шенон сподели и видео од болница.

– На 5-ти јануари, КТ скен покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење”, напиша актерката во описот на видеото.






– Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична и сѐ се случуваше во мојот живот. Имам среќа затоа што имам одлични лекари како д-р Амин Мирахди и неверојатни техничари. Но тој страв… Превирањата… Тајмингот на сè… Еве како може да изгледа ракот – додаде таа.

На актерката во 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка. Една година подоцна, таа соопшти дека болеста се проширила и на нејзините лимфни јазли. Во мај 2016 година, Шенон беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста отиде во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон дозна дека нејзиниот рак се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза.

Претходно оваа година беше објавено дека Доерти се разведува од нејзиниот сопруг Курт Исвариенка, со кој се омажи во октомври 2011 година. Нејзиниот претставник Лесли Слоун го потврди разводот за USA Today.

– Разводот е последното нешто што Шенон го сакаше. За жал, таа почувствува дека нема други опции. Можете да контактирате со агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вмешана – изјави тогаш Шенон Доерти сугерирајќи дека причината за разводот е друга жена.

Поврзани содржини