Ѕвездата на „Беверли Хилс“ по 15 години се разведува од сопругот, тој ја изневеруваше на секој чекор ФОТО
Актерката Тори Спелинг (47), ќерка на легендарниот продуцент Арон Спелинг и творецот на популарната серија „Беверли Хилс, 90210“ во која го играше ликот на Дона, се разведува од сопругот, актерот Дин Мекдермот (54).
Веќе подолго време кружат гласини дека парот е пред повторно развод. Актерката подолго време не ја објавувила фотографија со сопругот на социјалните мрежи, а сега е забележана без бурма.
Тори и Дин се запознале на филмски сет додека двајцата биле во брак со други луѓе. Аферата ја започнале првата вечер кога се запознале, а набргу побарале развод од своите тогашни сопружници. Двојката заедно има пет деца: синовите Лиам (14), Фин (8) и Бо (4) и ќерките Стела (12) и Хати (9).
Својот брачен живот го покажаа во реалното шоу „Tori & Dean: Inn Love“ во април од 2007 до 2012 година.
Парот и порано беше пред развод поради неговите неверства во 2013 година.
Дин го призна неверството во документарната серија „Вистинската Тори“ во 2014 година.
Неговото признание ги вознемирило децата, а Тори наводно доживеала нервен слом. Актерката објаснила дека го разбира неговото изневерување, бидејќи и двајцата биле во брак кога ја започнале аферата.
Причината за бројните реални шоуа беше банкротот. И покрај тоа што таткото на Тори е милионер, таа и сопругот должеле буквално на сите страни. Долговите, наводно, ги подмириле во април минатата година.
Во 2014 година, тие ѝ должеле на државата 707.000 долари, но актерката подоцна открила дека не се откажува од својот скап моден вкус:
– Дури и кога се обидувам да прифатам поедноставен начин на живот, не можам да се откажам од својот моден вкус и многу скапите работи – рекла Тори пред неколку години.
Инаку, Тори последните години е на удар на критиките поради пластичните операции од кои таа ја признава само корекцијата на носот и зголемувањето на градите.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм