– Имам многу живот во себе – рекла таа во интервјуто за магазинот „Ел“, додавајќи дека не е подготвена да замине.– Не седнав да напишам писма. Тоа е нешто што морам да го сторам… Морам да ѝ кажам на мајка ми неколку работи. Сакам мојот сопруг да знае што ми значи. Но, кога и да дојде време да го сторам тоа, се чини дека е толку конечно. Се чини како да се одјавувате, а јас не се одјавувам – рекла таа, додавајќи дека „се обидува да ги цени сите мали моменти кои повеќето луѓе всушност не ги гледаат или ги земаат здраво за готово“.
Да потсетиме, ракот на дојка првпат ѝ беше дијагностициран во 2015 година и беше во ремисија од 2017 година. За жал, тој многу брзо се врати и го зафати и ‘рбетот, а актерката уште во февруари призна дека ракот е во четвртата фаза.
Поранешната sвезда на серијата „Беверли Хилс“ изјави дека била сама во моментот кога нејзиниот онколог ѝ јавил дека ракот се вратил. Доерти ја спушти слушалката и почнала да плаче одејќи околу нејзината куќа.– Почнав да го согледувам својот живот и она што сум го правела и она што не сум го правела. Како сум се однесувала кон луѓето – открила таа и додала дека тогаш се прашувала каква е нејзината карма.
На крајот, таа донела до заклучок: „Сфатив дека имам добра карма. Можеби не изгледа така, но јас бев навистина добра личност.“