КРИСИЛА АНДЕРСОН, ЅВЕЗДА ОД РИАЛИТИ ШОУ, ПОЧИНА НА 47 ГОДИНИ „Ако го читате ова, тоа значи дека конечно се предадов во прегратката на Исус“
Ѕвездата на риалити шоуто „Country Ever After“, Крисила Андерсон, почина на 47 години по долга борба со рак на дебелото црево. Веста ја потврди нејзината пријателка Линдзи Вилаторо.
Ѕвездата на риалити шоуто „Country Ever After“, Крисила Андерсон, почина на 47 години по долга борба со рак на дебелото црево кој ѝ бил за првпат дијагностициран во 2018 година.
Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината пријателка Линдзи Вилаторо.
– Срцето ми се крши што морам да го напишам ова. Ѝ ветив на Крисила дека ќе бидам тука за неа кога повеќе нема да може сама да стои, и се молам да знае колку била сакана. Да бидам со неа до крајот беше најголемата привилегија во мојот живот – напиша пријателката на ѕвездата на американската риалити програма.
Нејзините обожаватели и следбеници беа особено трогнати од прошталното писмо што Крисила го напишала пред нејзината смрт.
– Ако го читате ова, тоа значи дека конечно се предадов во прегратката на Исус, во мир и опкружена со љубов. Ве молам, не дозволувајте овој момент да ве вовлече во темнина. Се борев колку што можев и сакав со сето срце. Не исчезнав… Само си отидов дома – напишала Крисила Андерсон.
View this post on Instagram
На своите деца Крисила им порача дека ќе остане со нив и им се заблагодари на блиските пријателки што ја придржувале кога повеќе не можела сама да стои, што ја носеле на прегледи и што ѝ ги бришеле солзите.
Во 2018 година ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево, а болеста влегла во ремисија во 2021 година.
По една година, ракот се реактивирал, а потоа се проширил на нејзиниот мозок, што било откриено откако риалити ѕвездата доживеала мозочен удар.
View this post on Instagram