ЅВЕЗДА НА „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“ ИЗЛЕТАЛА ОД ПАТОТ Повредена 93-годишна пејачка (ВИДЕО)
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), возилото го управувала 93-годишна жена од Стар Дојран, која била веднаш пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Страшна сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 20 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, каде што автомобил со гевгелиски регистарски ознаки излетал од патот. Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), возилото го управувала 93-годишна жена од Стар Дојран, која била веднаш пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Засега нема официјални податоци за нејзината состојба, но како што објавија дел од медиумите, 93-годишната жена наводно е пејачката Добрила Ивановска Чабриќ, која неодамна се појави во српската емисија „Никогаш не е доцна“ и го освои регионот со својата харизма и вокални способности.
Погледнете го нејзиниот настап во емисијата „Никогаш не е доцна“: