„ВЕТУВАМЕ РАБОТА, МАКОТРПНА И ПОСВЕТЕНА“ Мицкоски му даде збор на народот дека нема да го изневери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.

355

Во предвечерието сме на финалната одлука  дали Македонија ќе му ја вратиме на народот или ќе остане заробена, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на завршниот митинг во Прилеп на Коалицијата „Твоја Македонија“.

-Оваа нашата Македонија е градена на темелите на Илинденците, од солзите и лелекот на нашите мајки. Ова е можеби последната шанса зашто духовните темели станаа приватни. Ве повикувам сите да излезете на изборите за да не не уценуваат –  рече Мицкоски.






Мицкоски рече дека СДСМ и ДУИ ја одзедоа од народот.

-Тие од власта ја одземаа. Направија системот да им служи на ним, а не на народот. Државните тендери станаа приватни. Најповторуваното чувство кај народот е дека нема систем, нема држава. Затоа што се создаде еден апарат воден од ДУИ, а опсулужуван од СДСМ кој ја потопи Македонија во криминал и корупција – посочи Мицкоски.

Според Мицкоски, власта се прогласила себе си за европејци, само за да не се збори за криминалот, а еден метар не мрдна за придвижување кон Европа.

-Се потплаќа за здравствен преглед, се фаќаат врски за образование, за добивање на субвенции. Не доведоа буквално до работ. Создадоа еден димен облак, спротстрија една завеса која им се вика Европската Унија. Се прогласија себе си за европејци, само и само да не се збори за криминалот, а еден метар не мрднаа и не не’ придвижија кон Европа. И од Европска Унија се срамат кога гледаат дека Артан и Бујар ги бранат. Додека за тоа зборат го посрамотија со штетни одлуки и договори секое национално чувство на Македонецот. Се однесуваат кон Македонија, нацијата и идентитетот како да сме некаков хибрид. Дека немаме спомени, дека немаме паметници и херои. Дрво без корен. А тоа е само затоа што не сакаат да погледнат околу себе – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.

– Но, сега, додека стоиме на прагот на новото поглавје во приказната на нашата нација, да го искористиме овој момент со храброст и одлучност, и со гордо крената глава да ги победиме заедно – рече тој.

Мицкоски рече дека победата е на дофат.

-Нашата победа е на дофат. Тоа ќе биде и ваша победа. Заедничка победа. Но не е доволно само да веруваме во подобро утре. Мора да дејствуваме. Мора да се мобилизираме и да гласаме. За да немаат можност да не уценуваат никогаш повеќе! За Македонија да биде повторно наша, Македонија повторно да биде горда, Гордана Силјановска Давкова за претседател, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија” идна влада – рече Мицкоски.

Поврзани содржини
na