Ѝ ВЕТУВАЛ ДЕКА ЌЕ Ѝ СРЕДИ ДА ПОЛАГА ГЕРМАНСКИ ВО СКОПЈЕ Тетовец измамил државјанка на Косово

Откако последните денови лицето од Тетово не им се јавувало, брачниот пар од Косово сфатил дека бил измамен за 732 евра.

431

На 21.05.2024 во 16.35 часот во СВР Тетово, 41 – годишен државјанин на Косово пријавил дека неговата сопруга била измамена од Е.В.(45) од Тетово. Според пријавеното, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.

Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини