ВЕТУВАЊЕТО КОН ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО Првото покачување од 2.500 денари во септемвриската пензија, второто – во март

Мицкоски рече дека се подготвува законот, а зависно од тоа каква ќе биде кондицијата на буџетот следната година ќе се одлучи какво ќе биде усогласувањето на пензиите од септември следната година - процентуално или линеарно, како што бараат пензионерите.

5,695

Пензионерите ќе го добијат ветеното линеарно покачување на пензиите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој појасни дека  покачувањето од 5.000 денари на пензиите ќе се спроведе преку две зголемувања од по 2.500 денари.






-Линеарно ќе им се зголемат пензиите овој септември, а потоа во март за уште 2.500 денари. За девет месеци од формирањето на новата влада тоа ветување во целост ќе биде исполнето – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека се подготвува законот, а зависно од тоа каква ќе биде кондицијата на буџетот следната година ќе се одлучи какво ќе биде усогласувањето на пензиите од септември следната година – процентуално или линеарно, како што бараат пензионерите.

Поврзани содржини