📽️ ВЕТРОТ ЗАСИЛУВА, НОВА ТРЕВОГА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Актерите плачат за пеплосаните домови, полицијата апси крадци
Прогнозите на метеоролозите се дека сувите ветрови од Санта Ана, со брзина од 80 до 112 км/час, ќе продолжат до среда. Националната метеоролошка служба издаде црвено предупредување за „особено опасна ситуација“.
Ева Лонгорија на Инстаграм објави видео на кое се расплака додека зборува за пожарите кои веќе една недела беснеат во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Актерката откри дека го евакуирала својот дом и дека ќе донира за погодените од пожарот.
– Тоа беше луда недела. Ужасно за многу луѓе. Толку многу од моите пријатели ги загубија своите домови. Не се работи за предмети, туку за спомени. Овие луѓе навистина напорно работеа за своите домови. Во суштина, решивме да се евакуираме затоа што добивме предупредување, „и тогаш нашиот аларм продолжи да ѕвони“ – раскажа видно потресената актерка, додавајќи дека сега е во својот втор дом и дека угостила многу пријатели кои исто така морале да се евакуираат.
Инаку, речиси 50 лица се уапсени под обвинение за грабежи, попречување на гаснење пожари и вандализам за време на пожарите во предградијата на Лос Анџелес, Итон и Палисадес, а има и апсења поврзани со инцидентот со дронот, соопшти денеска полицијата во Лос Анџелес.
Полициската управа во Лос Анџелес изврши 14 апсења во градот, изјави помошник началникот Доминик Чои, пренесе Си-Ен-Ен.
– Три апсења беа за полициски час, едно за претставување пожарникар, едно за поседување алат за кражба, четири за кражба, едно за возење под дејство на алкохол, едно за вандализам и три за кражба во продавница – рече тој.
Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес изврши 34 апсења, според шерифот Роберт Луна, вклучително и четири во пожарната област Палисадес во текот на ноќта.
Противпожарната служба на Лос Анџелес предупредува на опасни временски услови што би можеле повторно да ги разгорат пожарите во метрополата на Западниот брег на САД.
– Сушните услови и брзите ветрови предизвикуваат висок ризик од пожар во пошироката област на Лос Анџелес – рече началникот на пожарникарскиот округ на ЛА, Ентони Мароне.
Прогнозите на метеоролозите се дека сувите ветрови од Санта Ана, со брзина од 80 до 112 км/час, ќе продолжат до среда. Националната метеоролошка служба издаде црвено предупредување за „особено опасна ситуација“.
„Ветерот може да предизвика пожарите да се шират експлозивно“, се наведува во соопштението.
Противпожарната служба на Лос Анџелес објави снимка во на која се гледаат хеликоптери како летаат над планините Санта Моника во Калифорнија, додека шумскиот пожар во Палисадес продолжи да беснее.