ВЕТРОТ ПРЕДИЗВИКА СИЛНО ИСКРЕЊЕ ОД БАНДЕРИ ВО КУМАНОВСКО Пукале жици и паѓале дрвја и бандери

292

Вчерашниот дожд и ветер во Кумановско оштетија неколку бандери, предизвикаа искрење на жици, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Граѓаните, како што информираат од РЦУК Куманово, пријавиле дека во Горно Којнаре се спуштила бандера врз стрниште, во селата Доброшане, Режановце, Умин Дол имало силни искри и пукање на жици од бандера. Граѓаните забележале и пукање на жици на улиците Пионерска, Браќа Миладиновци, на улицата Никола Михајлов се запалил орман, на Доне Божинов паднала бандера. За сите оштетувања информирана била ЕВН.






Граѓани пријавија за паднато старо дрво во населбата Средорек, како и на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај селото Орашац, за што биле известени јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и „Македонија пат“.

Поврзани содржини