ВЕТРОТ ГО ОТЕЖНУВА ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ КАЈ ЈАСЕН Од рано изутрина вклучени се службите, eр тракторите, ренџерите, армиските волци
Хеликоптерот дејствува исклучително прецизно, но теренот е тежок, на некои места не може да се даде подршка од земја, постојано дува ветер, којшто ги менува брзината, но и правецот, што дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар. На самото место овде се наоѓаат и 4 пинц-гауери на Дирекцијата за заштита и спасување, како и 2 хeрмелинa со 6-тонска и 8-тонска цистерна, информира од терен директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Екипите и службите од 5 часот утрово работат на гаснење на пожарот во Јасен, после кој денеска, 13 август, нема пријавени други пожари, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој вели дека пожарот ги менува брзината и правецот, што дополнително го отежнува гаснењето во кое учествуваат ер трактори на ДЗС, специјалци од полицијата и армијата, екипи на Јавното претпријатие Јасен и од Национални шуми.
– Хеликоптерот дејствува исклучително прецизно, но теренот е тежок, на некои места не може да се даде подршка од земја, постојано дува ветер, којшто ги менува брзината, но и правецот, што дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар. На самото место овде се наоѓаат и 4 пинц-гауери на Дирекцијата за заштита и спасување, како и 2 хeрмелинa со 6-тонска и 8-тонска цистерна.
Според директорот на ДЗС 32 од пријавените 33 пожари во текот на минатиот ден се изгаснати, а нови нема пријавено освен жариштето во Јасен.
– Рано наутро, после 5 часот на самото место, дојдоа екипи специјалци од ЕБР на МВР, како и од армиските волци и ренџери. Исто така, овде се наоѓат и неколку екипи на јавното претпријатие Јасен и на Национални шуми, но и пожарникари од Кавадарци.Исто така имаме повеќе возила на локалните територијални противпожарни единици, но и на Национални шуми и на ЈП Јасен. Возилото коешто е зад мене, на армиските волци, со коешто се префрлаат луѓе на гасење, високо горе, на едно место каде што има репетитор, каде што пожарот има силно дејствие, односно силно горе – објаснува Ангелов.