ВЕТРОТ ЈА РАЗГОРЕ КУМАНОВСКАТА ДЕПОНИЈА Со камиони се носи земја

Претпријатието „Чистота и Зеленило“ бара поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја, за да можат да ја санираат депонијата.

81

Гори депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња. Екипите на „Чистота и Зеленило“, со поддршка на механизација и денеска го покриваат со земја зафатениот дел од депонијата, соопштија надлежните од претпријатието.

На депонијата вчера се забележуваше и пламен кој беше видлив од повисоките локации од Куманово. Зафатен е горниот дел од депонијата од платформата.






– Поради силниот ветер, вчера се запали градската депонија „Краста“, веднаш интервенираа екипите на ЈП, асистираа и пожарникарите од ТППЕ Куманово. За жал, водата не ја гаси депонијата, горат гасовите и потребно е санирање и нанесување количини на земја – изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Претпријатието „Чистота и Зеленило“ бара поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја, за да можат да ја санираат депонијата.

– Околу 70 проценти од зафатеното подрачје е намалено горењето, остануваат уште 30 осто. Се надеваме дека во текот на денот ќе се санираат и останатите. Станува збор за ризичен предел, земјата е мека и ризична – изјави Стојчевски.

И лани во два-три наврати гореше депонијата кај Куманово и надлежните од „Чистота и Зеленило“ сметаа дека причината е човечки фактор. Случаите се пријавени и во полицијата. Сега надлежните сметаат дека силниот ветер е причина за зачадувањето на депонијата.

Ветерот турна и големо дрво во стариот градски парк, искршени се неколку гранки од повеќе локации. Екипите на „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат дрвјата и гранките. Од претпријатието велат дека работат на кастрење на гранки, отстранување на стари дрвја по насоки на стручна комисија.

Поврзани содржини