Ѝ ВЕТИЛЕ РАБОТА, НО ЈА ЗАДОЛЖИЛЕ СО БРЗ КРЕДИТ Затвореник бил мозокот на измамата, приведени уште две лица

При службени разговори во СВР Велес, осомничените признале дека делувале во содејство со П.С., осуденик кој моментално издржува затворска казна во КПД Штип. По добиена судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на Т.К., каде биле пронајдени докази за други измами, а од П.С. во затворот му бил одземен мобилен телефон, преку кој, како што се сомнева, ги координирал измамите.

1,156

Полицијата расчисти случај на интернет измама и злоупотреба на лични податоци, во кој жртва е 47-годишна жена од Штип, а осомничени се тројца сторители – двајца фатени во Велес, третиот на издржување казна во затворот во Штип.

Случајот бил пријавен на 25 јуни околу 17:20 часот во СВР Штип, кога жената пријавила дека ѝ била понудена работа преку интернет, при што испратила лични податоци. Наместо вработување, нејзините податоци биле искористени за аплицирање брз кредит во износ од 40.000 денари, кој бил одобрен и исплатен на нејзина трансакциска сметка.






Кратко по тоа, жртвата добила телефонски повик од непознато лице кое ѝ побарало да ги врати парите, тврдејќи дека по грешка биле уплатени кај неа. Сомневајќи се дека е жртва на измама, жената го пријавила случајот во полиција.

По брза акција, полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес поставиле контролирана замка: на оштетената ѝ биле дадени обележани банкноти за да ги предаде на лицето што ќе дојде по нив. На договорена локација во Велес, таа ги предала парите на патник во такси возило. Веднаш потоа, полицијата ги уапсила Д.К. (65) од Штип, возачот на возилото, и Т.К. (46) од Велес, патничка во возилото.

При службени разговори во СВР Велес, осомничените признале дека делувале во содејство со П.С., осуденик кој моментално издржува затворска казна во КПД Штип. По добиена судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на Т.К., каде биле пронајдени докази за други измами, а од П.С. во затворот му бил одземен мобилен телефон, преку кој, како што се сомнева, ги координирал измамите.

Според информациите од МВР, триото извршило повеќе кривични дела на сличен начин. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини