Ѝ ВЕТИЛ ЗАМИНУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО Наместо виза, жена останала без 3.000 евра
48-годишен маж од гостиварско е осомничен дека во текот на минатата година измамил жена, земајќи 3.000 евра со ветување дека ќе ѝ помогне да добие виза за странство.
Жител на гостиварското село Горна Бањица е осомничен дека измамил жена за 3.000 евра, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ обезбеди виза за заминување во странство.
Според информациите од полицијата, станува збор за 48-годишен маж против кого Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава за измама.
Како што информира МВР, осомничениот во текот на 2025 година ја довел жената во заблуда дека може да посредува за добивање виза за странска држава. Во неколку наврати таа му предала пари, верувајќи дека ќе ѝ помогне да замине во странство.
Според пријавата, на тој начин мажот успеал да земе вкупно 3.000 евра.
Полицијата го документирала случајот и против него е поднесена кривична пријава.