📽️ ВЕТРОТ ГО РАЗГОРЕ ОГНОТ КАЈ ЈАЖИНЦЕ Пламенот повторно се шири, министерот на терен

Институциите и локалното население заедно се борат да го стават под контрола пожарот кој повторно се разгоре кај граничниот премин Јажинце.

1,231

Пожарот во близина на граничниот премин Јажинце повторно се разгоре, предизвикувајќи голема мобилизација на противпожарните екипи, државните служби и локалното население, кое активно учествува во гаснењето на огнената стихија. Густите облаци чад се издигаат над регионот, а ветерот дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.

На локацијата пристигна и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите неопходни мерки пожарот да биде ставен под целосна контрола. Тој нагласи дека соработката меѓу институциите и граѓаните е клучна за спречување на понатамошно ширење на огнот.






Според последните информации, екипите работат интензивно на локализирање на пожарот, а приоритет е заштитата на околните села и инфраструктурата. Засега нема информации за евакуирани жители, но надлежните апелираат граѓаните да останат претпазливи и да ги следат упатствата од службите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини