ВЕТРОТ ГИ ПРИЗЕМЈИ АВИОНИТЕ И ХЕЛИКОПТЕРИТЕ Воздушната поддршка заглавена поради чадот кај Бунарџик

Според Ангелов, пожарот се проширил кон селото Бујковци, но и во насока на индустриската зона „Бунарџик“, предизвикувајќи голема закана по објектите во тој регион.

341

Денес попладне, во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден, изби силен пожар кој, поради силниот ветер, брзо се прошири на пошироката околина, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, пожарот се проширил кон селото Бујковци, но и во насока на индустриската зона „Бунарџик“, предизвикувајќи голема закана по објектите во тој регион.






– Поради густиот чад, автопатот Скопје–Куманово имаше намалена видливост и дојде до сообраќајна несреќа, поради што патот се уште е затворен. Поради силниот ветер, ер тракторите и хеликоптерите на полицијата и АРМ, кои се во непосредна близина, не можат да полетаат – изјави Ангелов.

На терен се распоредени сили на скопската противпожарна бригада, со поддршка од касарната „Ѓорче Петров“ и од Кавадарци, како и со специјализираните возила „БТР“ и „Хермелини“ на ДЗС.

Локалното население излезе на терен да ги брани своите домови, а се користи и тешка механизација за изградба на противпожарни појаси со цел да се заштитат околните објекти.

– Според информациите со кои располагам, за жал, на црквата во близина на Мршевци делумно е зафатен покривот, а други штети сѐ уште не се пријавени. Во моментот кога ветерот ќе намали, ќе полетат ер тракторите на дирекцијата и на армијата – додаде Ангелов.

Поврзани содржини