ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРАНА ЈА КРЕНА ВРЕДНОСТА НА ОБЈЕКТИТЕ ВО ГРАДБА Во Аеродром се половина од становите што се градат

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 284 станови, со вкупна корисна површина од 100 799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953.

1,878

Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Најголем дел од одобренијата, 137, се во Скопскиот регион. Во општина Карпош се издадени 39 одобренија, во Сарај 16, по 12 нови дозволи има во Центар и во Бутел, по 11 во Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Чучер Сандево.






Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9. 580. 435. 000 денари (155,5 милиони евра), што е за 398,5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, ветерна електрана во Југоисточниот регион, појансуваат од ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 се наменети за објекти од високоградба, 43 од нискоградба и 115 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 406 објекти, на 235  како инвеститори се физички лица, а на 171  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 284 станови, со вкупна корисна површина од 100 799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953, од кои 598 во Аеродром, 96 во Чаир, 93 во Карпош, 46 во Кисела Вода, 31 во Центар… Зад Скоспкиот по број на предвидени станови е Полошкиот со 148, од кои 69 во Тетово и 59 во Гостивар. Во Југоситиочниот, пак, се предвидени 74 станови, во Југозападниот 49, во Вардарскиот 26, Пелагонискиот 17….

Поврзани содржини