Ваквите хорски напади кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претседателот Христијан Мицкоски имаат еден диригент а тоа е Зоран Заев, тврди Иван Соколов, секретар за дијаспора и координација со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ и ветеран на партијата.
Тој на Фебсук забележува дека ваквите напади доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ прави напори за обезбедување на мнозинство во парламентот што очигледно укажува дека мотивите зад сето тоа се шансите, кои, мали или големи, треба да бидат упропастени.
„Клиентелистите во политиката и слугите на Зоран Заев служат за димна завеса да ги покријат неуспесите и да го отргнат вниманието од вистинските фијаска кои секојдневно и се случуваат во реалноста. Убеден сум дека сите оние слуги на Заев, уценети и клекнати на колена, кои сега мора да одработуваат за него, по кампањата добиваат име и презиме. Е сега вистинското прашање е каде беа овие три години да кажат збор за штетните политики на Заев, а во исто време се подготвени гласно да коментираат за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова не е никаква борба за принципи, туку борба за спас на криминално стекнатото богатство и купување на слободата“, пишува Соколов.
Интересно е како „доктор смрт” и „главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев, пишува тој и додава:
„Имено, ќе потсетaм дека господинот Мијалков со државна плата дојде до супер луксузен хотел во центарот на Скопје. Интересно е да одговори која е таа сила која му овозможува закрила и мистериозно ги става во фијока сите предмети кои се отворија против него?! Дали тоа што е најдобар другар со Вице Заев му овозмозува купување на слободата? И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под дирегентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе“.