ВЕТЕРАНИТЕ ИСЧИСТИЈА СПОМЕНИК ОД НОБ НА ПЛАНИНАТА КАРАДАК Споменикот се наоѓа на непристапен и тежок терен
Таму загинале народните херои Боро Менков - Командант на одредот, Перо Георгиевски - Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко и Наце Ивановски Буѓони.
Членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – Куманово со помош на месното население го исчистија локалитетот и споменикот „Воденица” во село Белановце во Општина Липково, на планината Карадак.
Споменикот е подигнат во чест на борците од НОБ кои на 14 Октомври 1941 година во борба со бугарскиот фашистички окупатор ги положија своите животи: Боро Менков – командант на одредот, Перо Георгиевски – Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко и Наце Ивановски Буѓони.
Откако го исчистија теренот, армиските и полициски ветерани положија свежо цвеќе на нивните гробишта. За оваа нивна активност, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски им искажа голема благодарност.