ВЕТЕР ОД СЕВЕР НИ НОСИ ЗАЛАДУВАЊЕ Очекувајте температури пониски за 10 степени
Временските неприлики ќе бидат поизразени утревечер, во текот на ноќта и во четврток претпладне, кога на некои места се очекува да наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар.
Во наредните денови се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, локално во форма на невреме проследено со грмежи и силен јужен ветер.
Временските неприлики ќе бидат поизразени утревечер, во текот на ноќта и во четврток претпладне, кога на некои места се очекува да наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар.
„Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, но веќе во сабота нестабилноста повторно ќе се засили на одредени локации. Во недела и понеделник на повеќе места во земјава се очекуваат нови поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Притоа, ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури – за околу 7 до 10 степени. Во Скопје и околината, времето ќе биде променливо облачно и топло, со периодични врнежи од дожд. Во делови од котлината дождот ќе биде пороен, проследен со грмежи и силен ветер, особено во ноќта кон четврток. Нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на викендот и на почетокот на следната недела. Граѓаните се советуваат да бидат претпазливи поради можноста од локални поплавувања, засилен ветер и намалена видливост во дождливите периоди“, наведено е во соопштението на УХМР.