ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА СЕ ЈАВИ ОД БОЛНИЦА Актерката ја има својата четврта операција годинава поради рак на дојка

За овие година и пол дена, сама си одам во болница, сама си се враќам, си докажувам себеси дека можам сама и дека свесно ги избегнувам оние моменти на непотребни емотивни состојби. Животот е тука да нè научи да бидеме храбри, да се бориме и да научиме да бидеме сами, оти сами доаѓаме на овој свет, сами си одиме, вели Весна Бејби во своите записи од болница кои ги објавува на Инстаграм додека ја чека четвртата операција годинава, поради рак на дојка

851

Познатата македонска актерка Весна Петрушевска алијас Весна Бејби, веќе втор ден на Инстаграм, споделува записи од болница, кадешто замина на уште една операција. Во својот таканаречен „болнички дневник“, актерката открива дека ова ѝ е веќе четврта операција оваа годинава.

Во првиот запис од болницата таа порача дека жените се најголеми борци кои можат сè.






– За овие година и пол дена, сама си одам во болница, сама си се враќам, си докажувам себеси дека можам сама и дека свесно ги избегнувам оние моменти на непотребни емотивни состојби. Животот е тука да нè научи да бидеме храбри, да се бориме и да научиме да бидеме сами, оти сами доаѓаме на овој свет, сами си одиме. Ако треба да направиш операција за да бидеш подобар, зашто тоа е добро за твоето здравје, треба да го направиш – вели Весна која споделува и дека единственото нешто од што многу се плаши е иглата.

– Одлучив да направам дневник и да го споделам, зашто многу жени имаат рак на дојка и мастектомија, поточно сите ние сме кастрирани, на најбрутален начин – вели таа и потсетува дека во Македонија смртноста на рак од дојка е 99%, додека во Словенија е 1%.

– Ова значи дека ако го откриете на време ќе може да се спасите и тој не е животозагрозувачки. Потоа следува постмастектомска фаза, која јас ја направив по препораките на мојот пластичен хирург д-р Јасмина, која ми кажа дека треба да се прошири кожата, а потоа да се стави протеза, воедно да се изврши и масивна реконструкција за да може да се двете гради исти, од една проста причина – страда кичма – појаснува таа.

Весна објаснува дека и самата се чуси на тоа колку е спокојна очекувајќи ја својата четврта операција за годинава.

– Полека дишам, не оптеретувам луѓе околу себе, не им кажувам колку е страшно и не сакам да им создавам обврски. Сметам дека тоа мора сам да го преживееш – вели Весна.

Во вториот болнички запис актерката зборува потивко и го прераскажува разговорот со анестезиологот на кој на шега му рекла дека полека веќе станува заштитно лице на болницата и го замолила да ѝ каже што ќе зборува под дејство на анестезијата.

Претходно Весна ја покажа и својата болничка соба, слушалките и книгата од Ведрана Рудан која вели дека ја чита кога сака да се расположи.

Поврзани содржини