🎥 ВЕСНА БЕЈБИ ОТКРИ ДЕКА ИМА РАК НА ДОЈКА „Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“

И покрај сѐ, Весна вели дека животот продолжува и дека се подготвува за премиера во МНТ и за нови уписи на деца во нејзината актерска школа, како и за одбрана на магистерски труд. 

1,732

Актерката Весна Петрушевска во видео во живо на Инстаграм денеска сподели со јавноста дека има рак на дојка, кој ѝ бил дијагностициран во април годинава.

„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.






– Овој лајв ќе го оставам на мојот Инстаграм затоа што треба да ви кажам нешто. Затоа што секогаш сум била општествено одговорна. Општествено одговорна за ментално здравје, општествено одговорна за животот и општеството во коешто живееме и каде што сме сите сведоци.

И ако не си општествено одговорен тогаш не можеш ни да се бавиш со јавна професија…

Значи, кога ќе ја добиеш веста дека имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако станува одброено.

Значи, некако, вашиот почеток почнува да има и крај. Што не мора да значи дека е така. Јас се обидов само поради мојата ментална состојба да не го кажувам тоа.

Инаку мојата дијагноза е од средината на април оваа година. И тоа никој не можеше да го забележи затоа што јас во меѓувреме настапив со 30 деца на Глумците пеат, бев во Битола…

Затоа што прво сум борец, второ – не сакам да кукам, трето – мразам патетика и четврто – можеби најважно од сè е што не сакам никој да ме сожалува, и тоа е нешто што е дел од мене.

Другиот момент што е многу важен е дека секогаш кога се соочувате со оваа работа, со најстарашната болест на овој свет, тоа е дека останувате сами. И, не ви треба во тој момент баш никој да се грижи за вас затоа што секое подигнување на веѓа или некое затрепкување… мене барем ми пречи.

И иако сум човек којшто многу помагал и ќе помагам, за мене почувствував дека тоа не ми е потребно во овој момент кога ги живеам моите најтешки моменти…

Се работи за следново, имав две операции. Значи, се работи за рак на дојка.

Тоа значи дека минатата година кога јас се оперирав, кога доктор Огнен ми ја извади жолчката, тогаш направив систематски преглед каде што на десната града ми рекоа… вели имате една фиброза којашто треба да се следи.

И таа јас ја следев одвреме-навреме, но реално колку тоа и да звучи смешно и парадоксално и многу апсурдно, но како што спиев, едно од кучињата ми скокна баш на десната града и толку ме заболе што другиот ден му се јавив на мојот добар другар, мојот спасител Огнен… – раскажува Весна и додава дека ракот што го има бил брзорастечки.

Водителката вели дека ѝ била направена мастектомија на десната страна, односно имала две операции во период од 45 дена, едната на Клиника, а другата во приватна болница.

Таа вели дека со неа на операција дошла ќерка ѝ Мина, која останала со неа во болница два дена.

– Зошто не сакав да кажувма претходно? Знаеја само 7 луѓе. Затоа што како да те инвалидизираат и како да те пензионираат пред време, морбидно чекаат да се тргнеш од некаде – вели Весна.

Таа додава дека се подготвува за премиера во МНТ и за нови уписи на деца во нејзината актерска школа, како и за одбрана на магистерски труд.

Нејзината објава на Инстаграм наиде на бројни пораки со поддршка.

– Дијагнозата не значи дека е крај на светот, туку тоа е само еден голем шамар – додава актерката и вели дека има рез од операцијата од 30 сантиметри.

 

Поврзани содржини