ВЕСКОВСКИ ВЕТУВА НОВ ПАРК ВО КАРПОШ Ботаничка градина од 86.000 м2

Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесеме за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 % до крајот на 2025 година, порача Весковски.

294

Изградба на зелен парк спроти Карпош 4 е еден од клучните проекти, чија реализација е веќе започната со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија, порачува Душко Весковски, кандидат на СДСМ за градоначалничката функција во Општина Карпош.

– Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесеме за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 % до крајот на 2025 година – порача Весковски.






Тој вели дека во ерата на дигитализацијата не смееме да заборавиме на природата.

– Живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“ и пензионерските денови минати во дружба со пријателите на партија шах. Паркот во Карпош 4 ќе биде токму тоа место каде што секојдневието ќе добие поинаква димензија и каде што ќе дозволиме времето да застане,барем за еден миг. Карпошани го заслужуваат тоа. Карпош го заслужува најдоброто – додава кандидадот на СДСМ.

Поврзани содржини