ВЕСКОВСКИ НУДИ РЕАЛНИ ПРОЕКТИ Хумана урбанизација и почиста животна средина за Карпош

Програмата на кандидатот на СДСМ за Карпош е основана на реални проекти со кои ќе се излезе во пресрет на потребите на граѓаните, за најдоброто за секоја општина и најдоброто за град Скопје.

410

Во паркот „Ибни Пајко“ вечерва се одржа предизборнатата конвенција на која беше претставено најдоброто за Скопје, за Локалните избори 2021. Се претставија кандидатите за градоначалници низ скопските општини и Град Скопје.

СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ на локалните избориоваа година излегува со кандидати кои ќе донесат сигурна победа во сите општини. Програмата е основана на реални проекти со кои ќе се излезе во пресрет на потребите на граѓаните, за најдоброто за секоја општина и најдоброто за град Скопје.






Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски го носи најдоброто за Карпош со програма во која се вклучени проекти за решавање на проблемите на граѓаните, за почиста животна средина, за хумана урбанизација, за создавање на инклузивно општество, за заштита на децата, пензионерите, за поддршка на младите, за родова еднаквост, за поддршка на културните и просветните работници, за отворање нови можности и една поинаква перспектива на општествениот економски развој –за Карпош со кој ќе се гордеат карпошани.

Поврзани содржини