ВЕШТАЦИТЕ СЀ УШТЕ ЈА ПРЕГЛЕДУВААТ ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ Обвинителите ја координираа следната фаза за собирање докази

Вештите лица по наредба на јавен обвинител на лице место преземаат и дополнителни дејствија, со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожароти за таа цел, објектот сè уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува, соопшти Јавното обвинителство.

112

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на состанок со стручни лица од повеќе области ги планираа и ги коордираа следните активности за обезбедување докази.

„Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни дејствија, со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожарот. Со таа цел, објектот сè уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува“, соопшти Јавното обвинителство.






Се издаваат барања за дополнителни проверки и анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите лица, се додава во соопштението.

„Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери“, соопшти Обвинителството.

Поврзани содржини