ВЕШТАЧКО СРЦЕ ЧУКА КАЈ ШЕСТ ПАЦИЕНТИ Протезата е вистинска алтернатива на трансплантацијата на срце
Француската лабораторија Карма во 2020 година добила дозвола за продажба на својот производ во Европа и тоа на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.
Француската лабораторија Карма соопштила дека вештачко срце досега е вградено шест пати, кај двајца пациенти во Италија и кај четири во Германија.
Лабораторијата од своето основање во 2008 година, првата продажба на вештачко срце ја соопшти во јули. Тогаш на еден пациент вештачко срце му вградиле тим кардиолози во болницата во Неапол.
– Многу позитивни информации за вградувањето на вештачкото срце, како во комерцијален контекст така и во клиничките испитувања ни го засилуваат уверувањето дека протезата претставува вистинска алтернатива на трансплантацијата на срце – вели извршниот директор на компанијата Карма Стефан Пија.
Тој додал дека се очекува дека десетина европски центри, пред сè во Германија, ќе бидат комерцијално активни до крајот на 2021 година кога станува збор за вградување на вештачко срце.
Француската лабораторија во 2020 година добила дозвола за продажба на својот производ во Европа и тоа на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.
Претходно е наведено дека протезата има 900 грама и дека е потешка од вистинското срце кое има 300 грама.
Лабораторијата не ја навела цената на протезата, но француските медиуми навеле дека вештачкото срце ќе чини околу 160.000 евра, колку што чини и пресадувањето на вистинско срце со многу долг постоперативен тек.