ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ЗАКАНА ЗА 14 МИЛИОНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО СВЕТОТ Европа веќе работи на регулатива да ги заштити правата на работниците

Постојат и проценки од инвестициската банка „Голдман Сакс“ кои покажуваат дека вештачката интелигенција би можела да замени 300 милиони работни места со полно работно време.

174

Во следните 5 години вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето на 14 милиони работни места во светот, објави Светскиот економски форум, врз основа на истражување на повеќе од 800 компании.

Очекувањата се дека работодавците да отворат 69 милиони работни места до 2027 година, додека 83 милиони работни места ќе бидат укинати.






Вештачката интелигенција нашироко се користи во медицината, земјоделството, па дури се користи и во судската пракса, а нејзиниот развој ќе има и позитивно и негативно влијание врз работните места, предвидуваат експертите на Светскиот економски форум.

Европската комисија веќе донесе цела низа акти со кои се обидува да ја регулира оваа област, вклучително и правата на работниците.  Предлог на  европската регулатива е и примената на вештачката интелигенција да се класифицирани како високоризични процеси кои можат да ја загрозат човековата слобода, права и безбедност.
Постојат и проценки од инвестициската банка „Голдман Сакс“ кои покажуваат дека вештачката интелигенција би можела да замени 300 милиони работни места со полно работно време.

Поврзани содржини