Веселин Вујовиќ по трет пат седнува на клупата на Вардар
Искусниот тренер, секогаш е топло добредојден од навивачите на Вардар и медиумите во Македонија, а тренерската функција ќе ја превземе од Стевче Алусовски.
Познатиот ракометен стратег Веселин Вујовиќ ќе го предводи РК Вардар 1961 во претстојната сезона 2021/2022 година, според изворите на Handball-Planet.com.
Искусниот тренер, секогаш е топло добредојден од навивачите на Вардар и медиумите во Македонија, а тренерската функција ќе ја превземе од Стевче Алусовски.
РК Вардар 1961 е на добар пат да ја одбрани титулата во домашното првенство, но сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите заврши просечно во 1/8 финалната пресметка против Веспрем каде забележа високи порази.
Вујовиќ го водеше скопски Вардар помеѓу 2006 и 2009 година, но исто така и 2011-2013, освојувајќи неколку титули пред златната ера со Сергеј Самсоненко, кој го превзема клубот летото 2013 година.
Вујовиќ моментално е на клупата на босанскиот РК Борац Бања Лука, во борба за шампионската титула со ХРК Извиѓач.