🎥📷 ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, И ЧАК НОРИС ОСТАРЕ! Еве како изгледа славниот актер на 84 години

Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48“ - оптимистички вели Чак Норис во видеото на кое удира боксерска вреќа на прославата на неговиот 84 роденден.

4,231

Непобедивиот Чак Норис пред неколку дена го прослави својот 84 роденден и во таа прилика објави фотографија на Инстаграм на која порачува дека се чувствува како да има 48 години.

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48“ – оптимистички вели тој во видеото на кое удира боксерска вреќа, а потоа им се заблагодари на фановите за честитките.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

И тие што ги гледале неговите филмови и тие што можеби никогаш не го виделе на големиот екран, барем еднаш во животот го слушнале името на Чак Норис. Во биографијата на човекот за кој ништо не е невозможно, стои запишано дека на патот на славата тргнал случајно.

Додека служел војска во Јужна Кореја, Чак Норис почнал да учи боречки вештини, а подоцна станал шампион во карате и отворил неколку карате студија во кои тренирале и познати личности. Кога се спријателил со Брус Ли, добил улога во филмот „Enter the Dragon“ и така влегол во светот на Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Сепак, само со неговата улога во серијата „Walker“ како тексашки ренџер го постигна својот култен статус и стана жива легенда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Денес тој ретко се појавува во јавноста, а веќе 36 години е во среќен брак со поранешната манекенка и актерка Џена О’Кели, со која има три деца, додека со поранешната сопруга Дајан Холечек има два сина.

Поврзани содржини