📷 📽️ „ЅВЕРОТ“ ГИ ОДВЕЗЕ ДВАЈЦАТА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Започна средбата меѓу Путин и Трамп, разговорите ќе траат со часови
Според руските медиуми, состанокот започнал порано, за време на разговорот меѓу двајцата претседатели во лимузината „Ѕвер“ на Трамп, која била користена за нивен превоз од аеродромот до базата.
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот шеф на државата, Владимир Путин започнаа разговори за можен крај на војната меѓу Русија и Украина.
Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, претходно се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа.
Според руските медиуми, состанокот започнал порано, за време на разговорот меѓу двајцата претседатели во лимузината „Ѕвер“ на Трамп, која била користена за нивен превоз од аеродромот до базата.


Путин на преговорите ќе биде придружуван од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот советник за надворешна политика Јуриј Уштаков.
Покрај Трамп, од американска страна ќе бидат присутни и државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
Потоа средбата ќе продолжи како дел од работен појадок на кој ќе учествуваат и делегациите на Русија и САД. По завршувањето на средбата се очекува претседателите Путин и Трамп да имаат заедничка прес-конференција, но сѐ уште не е потврдено дали тие двајца ќе говорат или други претставници од преговарачките тимови. Портпаролот на Кремњ, Песков претходно рече дека очекува средбата да трае 6-7 часа.
📷 📽️ ВО ЖИВО ОД АЛЈАСКА Трамп со аплауз го пречека Путин откако двајцата излегоа од авионите
СРЕДБАТА ВО АЛЈАСКА ЌЕ ТРАЕ НАЈМАЛКУ 7 ЧАСА Песков очекува Путин и Трамп да преговараат долго време