Веро маркетите овозможија брза нарачка и достава со услугата „Vero Drive“

Нарачувањето на производите може да се изврши во било кое време, додека преземањето е од пунктот во Веро центар. Плаќањето се врши при достава или подигнување на нарачката во готово или со картичка.

503

Широката палета на производи во Веро маркетите во Скопје отсега е достапна за онлајн-нарачки преку услугата „Vero Drive“. Со посета на интернет-страницата https://verodrive.vero.com.mk потрошувачите имаат можност во било кое време да ги нарачаат потребните производи, бидејќи опцијата е достапна 24 часа и седум дена во неделата. Заинтересираните купувачи можат да одберат дали сакаат избраните производи да им бидат доставени до домот или самите да ги подигнат од Веро центар, наведено е во соопштението.

Оваа услуга им овозможува на потрошувачите да набават сѐ што им е потребно од големиот асортиман на Веро маркетите. Нарачувањето на производите може да се изврши во било кое време, додека преземањето е од пунктот во Веро центар. Плаќањето се врши при достава или подигнување на нарачката во готово или со картичка.






– Следејќи ги барањата и потребите на нашите потрошувачи одлучивме да им излеземе во пресрет и да им ја овозможиме оваа опција, со која на брз, практичен и безбеден начин можат да ги набават потребните производи. Услугата Vero Drive овозможува навистина широк асортиман за избор, исто како и во нашите маркети, а со оваа опција, продуктите на потрошувачите ќе им бидат директно достапни за нарачка, која што потоа ќе биде доставена до нивниот дом или преземена од нивна страна од Веро центар – истакнуваат од менаџментот на Веро.

Поврзани содржини